Со двотретинско мнозинство, со 81 глас за, без против и воздржани Собранието го донесе Амандманот 33.
Во моментов трае гласањето и за другите амандмани, Собранието ги донесува со молскавична брзина и со 81 глас „ЗА“.
Со 81 глас „за“, македонското Собрание ги усвои амандманите на четири члена од Уставот и со тоа го прифати договорот за името со Грција. Откако парламентот во Атина ќе го ратификува процесот, нашето ново име ќе биде Република Македонија, а ќе има и други интервенции во уставот.
АМАНДМАН XXXIII
1. Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Македонија“, освен во член 36 од Уставот на Република Македонија.
АМАНДМАН XXXIV
1. Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија се бришат зборовите „кои живеат во нејзините граници“, „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „правните одлуки кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“, по зборот „година“ се додаваат зборовите „на кои се изрази волјата за создавање на самостојна суверена држава и Охридскиот рамковен договор“, а се бришат зборовите „одлучија да“.
2. Со овој амандман се вршат измени во Преамбулата – Амандман 4 на Уставот на Република Македонија.
АМАНДМАН XXXV
1. Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.
2. Со овој амандман се дополнува членот 3 од Уставот на Република Македонија.
АМАНДМАН XXXVI
1. Републиката ги штити, гарантира и негува особеностите, историското и културното наследство на македонскиот народ.
Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство.
Републиката се грижи за дијаспората на македонскиот народ и на другите заедници и ги негува и унапредува врските со татковината.
Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.
2. Со овој амандман се заменува членот 49 и амандман 2 од Уставот на Република Македонија.
Со новиот текст изгласан денеска се менува третиот став кој сега гласи: Републиката се грижи за дијаспората на македонскиот народ и за дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите и ги негува и унапредува врските со татковината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.