Политички лидери минатиот октомври покажаа дека се способни за постигнување консензус во интерес на земјата. Се надевам дека овој дух ќе преовладее и во претстојните денови – вели евроамбасадорот Самуел Жбогар во интервју за порталот МКД.мк и додава дека во криза низ каква што поминуваме сите земјата ќе покаже политичка зрелост ако владата и опозицијата можат да ги остават настрана партиските интереси и политики и да се „борат“ на иста страна.

Не е здраво за една демократија да биде во вонредна состојба предолго и дефинитивно над потребите. Во исто време, кога се организираат избори во вакви околности, треба да се земе предвид состојбата со јавното здравје. Па така, политичките лидери ќе мора многу внимателно да ги балансираат овие два елемента и да донесат одлука. Важно е да се обезбедат услови за слободни, фер и кредибилни избори и тие да се спроведуваат во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, меѓународните стандарди и практики. Ова беше пораката и од комесарот Оливер Вархеји од пред неколку дена – вели Жбогар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.