Во Владата штотуку заврши средбата меѓу премиерот Зоран Заев и тројца вработени во Државниот пазарен инспекторат. Средбата траеше еден час, а по неа немаше изјави за медиумите. На средбата се размениле ставови на двете страни. Се очекува на денешната владина седница да се донесе одлука за евентуално разрешување на П првиот пазарен инспектор Стојко Пауновски.
Вработените во инспекторатот со кој раководи Стојко Пауновски потпишаа петиција која ја доставија до Владата и бараа да не биде разрешен нивниот директор. Премиерот Заев најави негово разрешување поради пркос и инаетење откако Пауновски одби да прими во пазарниот инспекторат 35 вработени рамковни административци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.