На изборите во Штип на гласање излегоа околу 14.500 граѓани и потребниот цензус од 33,3 проценти е исполнет, иако засега нема официјални податоци од ДИК.
Сега следи пребројувањето на гласачките ливчиња од страна на избирачките одбори. Аналитичкиот центар на СДСМ ќе ги чека резултатите, по што ќе се знае дали во првиот круг е избран градоначалник или ќе има втор круг на 27 декември.
Во Штип на избирачкиот список се запишани 41.777 граѓани, кои гласаа на 77 избирачки места. Гласачките места се затворени, во моментов почнува и пребројувањето на гласовите. Штипјани можеа да го искористат своето право на глас за еден од петмината кандидати за градоначалник, кој би имал мандат од девет месеци се до редовните Локални избори во 2021 година.
Но, медиумите информираа за бројни нерегуларности во гласањето и оти се давале од 10 до 12 илјади денариза да гласаат за одредена политичка партија и кандидат.
Според информациите на „Курир“, бизнисмени и сомнителни луѓе стоеле зад финансирање на овие пари за луѓето да гласаат за одредена политичка опција за која ќе им биде наложено.
Ова е двојно помала излезност во споредба со парламентарните избори одржани на 15 јули 2020 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.