Во рамките на Министерството за здравство завршила постапката за набавка на респираторни машини, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Од девет компании кои се јавиле на тендерот, две ги задоволувале условите во однос на рокот и на критериумите.

Еден дел од респираторните машини ќе стигнаат во наредните седум дена, а останатите во текот на 30 дена. Набевени се 31 респираторна машина, а министерот на прес-конференцијата не кажа која е цената по која се набавени.

Со ова значајно ќе го дополниме капацитетот на респираторни машини во земјава, пред се за оние пациенти кои се лекуваат од Ковид-19 – рече Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.