Завршена е гасификацијата на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, што беше обележена како еден од најголемите загадувачи во Скопје, бидејќи досега се грееше на мазут. За гасифицирањето на болницата се инвестирани 17 милиони денари.
Министерот за здравство Ванко Филипче, кој денеска заедно со првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и мнистерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, беше во посета на болницата и истака дена дека станува збор за значеаен капитален проект со кој ќе се реши проблемот со загадувањето во тој дел.
Досега оваа болница се грееше на мазут и беше еден од најголемите загадувачи во Скопје, се жалеа сите. Овие црни оџаци повеќе нема да функционираат. Поставени се панели на кровот коишто се користат да се загрее водата во бојлерите и посебен резервоар за гас којшто прима компримиран гас со којшто ќе се грее болницата во зимските периоди, но истовремено ќе се користи за топла вода – образложи Филипче.
Министерот за здравство рече дека вкупната инвестирана сума е 17 милиони денари со ДДВ.
Мислам дека е многу значаен проект, посебно што во проектната единица кај нас во Министерството за здравство се разгледуваат и други проекти со коишто ќе продолжиме. Со поддршка на Светска банка разговараме за енергетска ефикасност и за други здравствени институции. Има инвестиција во кадар, инвестиција во опрема. Сеопфатно инвестирање во секој сегмент од болниците, посебно во овој каде што болницата повеќе нема да биде загадувач, ќе се загрева на гас – истакна Филипче.
Тој информираше дека резервоарот е направен такашто во тој момент кога ќе стигне и централната гасификација ќе може да се приклучи на доводните цевки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.