По зголемувањето на платите на судската полиција, следуваат и нови униформи за затворската полиција, најави министерот за правда, Бојан Маричиќ.
Тој посочи дека веќе го потпишал правилникот со кој припадниците на затворската полиција ќе добијат соодветна модерна униформа.
По многу протести и барањата, кои траеја со години, минатата недела конечно го решивме проблемот со платите на судската полиција. Овие службеници ќе добијат зголемување од 8 отсто до 18 отсто. Тоа значи дека некои, ќе добијат зголемување за речиси една петина. Ова првпат се прави и навистина сум задоволен што го решаваме овој проблем. Од друга страна, следуваат и нови униформи за затворската полиција, кажа Маричиќ во гостување на КТВ.
Според Маричиќ, со зголемувањето на платите се решава долгогодишниот проблем на овие службеници, кои бараа зголемување, а како што рече, потпишувањето на правилникот е резултат на повеќемесечните преговори меѓу синдикатите и Министерството за правда
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.