Од средата затворени се три пунктови за брзо тестирање на коронавирус во поликлиниките низ Скопје. Причината за ваквата одлука е немањето на материјал за работа.
Информацијата за Сител ја потврдиле и од Здравствениот дом Скопје од каде велат дека немаат материјали за тестирање и затоа екипите не работат, но откако ќе добијат тестови оваа услуга повторно ќе биде достапна за граѓаните.
Инаку, на дневна основа во овие пунктови се вакцинираат над 300 лица, а закажувањето оди преку матичен лекар. Резултатот од овие тестирања е достапен за само 15 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.