Скандалозно видео доаѓа од затворот Идризово. Група затвореници, во најголем број Роми, држат „прес-конференција“, која повеќе личи на масонски обред за иницијација. Низ врата во една од келиите од петтото крило влегуваат Роми кои симболично преминуваат од ВМРО во СДСМ, како што вели модераторот на настанот. Тие дури и симоблично го отстрануваат црвено-црното знаме и го закачуваат синото на владејачката партија. Притоа, ѕвезда на вечерта е „доајенот“ на скопското подземје Јане Тица.
Даваме збор дека ние Ромите ќе гласаме за СДСМ, ама и ние Ромите бараме нешто за нас од СДСМ, вели модераторот.
Ќе ги тепаме вмровците, вели понатаму затвореникот, колнејќи се пред знамето на СДСМ дека „од денеска натаму сум СДСМ“
Со ова видео го поздравувам Заев, Шекеринска, Вицето брат ми, Маријан Даскал, Зоран Директорот и Јане Тица, вели Ромот, кој кажува дека добил ветување од Тица дека Ромите ќе бидат ценети отсега натаму во СДСМ.
Ова видео многу му се допадна на директорот на Золошката градина, Ѓорѓи Галетановски Чомбе, кој го поддржува Тица со „Јане легендо“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.