Бојан Јовановски-Боки 13 бара разрешување на судијката Софче Гаврилова-Ефремова која му суди во предметот за работењето на „Меѓународниот сојуз“, дознава „А1он“. Тој во дописот ги прашува членовите на Судскиот совет дали е дозволено судијка да му се обраќа со зборовите: „Нека ти обезбеди семејството лаптоп, поради тоа што те гледам дотеран. Како што ти испраќаат гардероба, така нека ти купат лаптоп“, додавајќи дека на секое рочиште му се обраќа на висок и хистеричен тон. Во останатиот дел од барањето на Јовановски, до кое дојде „А1он,“ стои и дека тој веќе знае дека ќе биде осуден на највисока казна, посочувајќи дека има спрега помеѓу судијата, претседателот на судот, јавниот обвинител и политичките чинители на власта.

Таа спрега ја доведува во прашање целата постапка, односно употребата на правото и утврдување на фактичката состојба без надворешни влијанија и притисоци. Судијата Софче Гаврилова-Ефремова треба да ги реализира и исполни сите овие жалби низ постапката која ја води, не водејќи сметка на моите права, стои во барањето за разрешување од функцијата.

Јовановски обвинува за пристрасност на судијката и бидејќи не му било да изведе докази, да сослуша сведоци за да докаже дека е невин.

Повеќе на А1он



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.