Затечените од Дебарски бањи кои седеа превентивно 14 дена, како мерка на државата поради епидемијата во овојград денеска се пратени дома. Тие останаа заглавени во Дебар по изолацијата на овој град, каде корона вирусот почна брзо да се шири. Денес добиваат отпусни листи, а дома заминуваат без да бидат тестирани дали се носители на корона вирс.
-После 14 дена поминати во изолација не пуштаат дома без да не тестираат затоа што нема тестови, а изговорот е дека повеќе не можат да не држат тука. Ни наложија дома да бидеме во задолжителна смаоизолација уште 14 дена – вели една од затечените во бања во Дебар.
Во текот на вчерашниот ден им било посочено дека ќе бидат однесени дома еден по еден поради безбедносни причини, но денескатаквата одлука била променета.
Вчера најавија дека државата ќе не носи секој до дома, поради безбедносни причини. Требаше секој поединечно да биде пренесен, но денеска таквата одлука е променета. Ни рекоа да се снајдеме како ќе стигнеме дома. Мора да најдеме приватен превоз. Не сме тестирани, ни наложија самоизолација а некој треба да дојде да не земе и да не однесе дома. Што е со изолацијата?! Што доколку сепак, има опасност да го имам вирусот? – коментира нашата соговорничка.
„Република“ во текот на вчерашниот ден испрати прашање до министерот за здравство, Венко Филипче околу тоа зошто овие луѓе се испраќаат дома без да бидат тестирани и на кој начин ќе бидат превезени до дома. Одговор не добивме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.