Заштитата на жртвите од родовобазирано насилство не е возможна без вклученоста на момчињата и мажите, бидејќи нивната вклученост ќе доведе до поголема свесност за лошите последици од насилното однесување, порача Весна Матевска, програмска раководителка во „Хера“ на прес-конференција на тема „Грижи се машки – Од свесност до вклученост: Вклучување на мажите во превенција на родово насилство и работа со сторители со фокус на безбедноста на жртвата“.

Панел дискусијата беше реализирана со цел подигање на јавната свест за важноста на улогата на мажите и нивното вклучување во справувањето со родовобазираното насилство.

Имплементацијата на Истанбулската конвенција која ги заштитува жртвите од семејно насилство не е возможна, доколку ги заборавиме и изоставиме момчињата и мажите и доколку не работиме со сторителите – изјави Матевска.

Според претседателката на „Реактор“, Тања Иванова, иако се чини дека на оваа тема се зборува многу, состојбите на терен воопшто не го покажуваат тоа.

Ниските плати, лошите работни услови, немањето соодветен избор за достоинствена работа, недовербата и неизвесноста што се провејуваат во секоја сфера од нашето живеење се само дел од причините кои создаваат негативни чувства, кои потоа во нашата немоќ можеме да ги проектираме на другите и да ги канализираме и во негативни однесувања – појасни Иванова.

Таа додаде дека воедно нефункционирањето на правната држава, односно системот, дополнително ги засилува овие практити и создава уште поголеми јазови неправди и различни форми на насилство.

Иваова порачува дека затоа е важно да има соодветни механизми за дијалог и можности за советување на жените и мажите.

Би сакала да ги повикам ресорните министерства и нашата Влада наверемно транспарентно и инклузивно да ги носат важните закони и подзаконски акти и да порботат посериозно на имплементација на истите. Во 2021година на пример очекуваме нов и подобар закон за работни односи кој јасно и недвосмислено препознава еднаков пристап до платена работа, достоинствено вработување за мажите и жените и го препознава родителството како индивидуално право и споделена одговорност и на мажите и на жените – оценува Иванова.

На дискусијата присуствуваше и претставник од австриското Министерство за социјални прашања, здравство грижа и заштита на потрошувачите, Харолд Фугер, кој ја истакна важноста на прванта рамка во справувањето со родовото базирано насилство и изрази задоволството за вклученоста на Амбасадата на Австрија во оваа иницијатива.

Во однос на правната рамка допоилнителните средства се многу важни за поддршка советодавни и заштитни услуги за жртвите кои најчесто се жени и деца, но исто во однос на советодавни услуги за мажите да ги избегнат тие насилни пристапои кои често се применуваат – порача Фугер.

Настанот се одржа во организација на Реактор – истражување во акција и ХЕРА – Aсоцијација за здравствена едукација и истражување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.