Причина, но и цел на постоењето на ВМРО-ДПМНЕ претставува возвишениот идеал за слободна, независна и просперитетна македонска држава.ВМРО-ДПМНЕ ги застапува и штити македонските државни и национални интереси, негувајќи ги европските и универзалните хуманистички вредности.ВМРО-ДПМНЕ им се обраќа на сите луѓе, групи, заедници и конфесии во Македонија.ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа и споделува принципите, вредносните определби и практиките на Европската народна партија.
Визијата на ВМРО-ДПМНЕ е да ги открие и развива сите можности за развој на македонската држава, како стремеж за неограничена потрага по реални решенија. Нашата политичка стратегија е изградена на принципите – човечност и праведност, брифираат од партијата пред утрешниот конгрес.
Богата, развиена и силна Македонија е иднината на македонскиот човек, нашите семејства, компании, интересни групи, заедници и конфесии. Во тој поглед за подобра иднина на македонскиот човек се вкрстуваат сите наши надежи, перспективи, активности и можности.
Во таа смисла, основните вредносни компоненти на партиската идеолошка матрица се:
- почитување на принципите на правната држава и владеењето на правото
- афирмација и безусловно почитување на човековите права и граѓанските слободи
- развивање на демократијата во Република Македонија
-
посветеност кон индивидуалниот и колективниот развој на сите луѓе, почитувајќи ги принципите на лична одговорност
-
почит кон традиционалните македонски културни вредности и афирмација на македонскиот културен код во светот
-
почитување на сите етнички заедници и нивните особености во државата, а кои се рамноправни во своите права и обврски
-
залагање за правата на Македонците и граѓаните на Република Македонија каде и да живеат во светот
-
заштита на македонскиот идентитет, кој го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазик, артикулирана свест за етнокултурната посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и од наративот за припадноста на одреден географски и историски простор,
-
градење на македонскиот културен простор базиран на етничка, јазична, политичка или географска припадност кон Македонија, како основа за современ европски културен развој на односите помеѓу балканските држави
-
почитување на сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет,
-
одговорност кон образованието на младите и науката, како основа на општествениот развој
-
силна и витална социјална пазарна економија, со неприкосновеност на приватната сопственост и слобода на пазарните законитости, либерализирана и отворена економија со висок и стабилен економски раст базиран на иновации и претприемништво, како и хуманост и грижа за социјална праведност
-
намалување на државниот интервенционизам во економските процеси преку засилена дерегулација, ниски даноци и помал државен апарат
-
почитување на интересот на човекот како индивидуа, неговата личност и борба за заштита на граѓаните од било каква форма на репресија, дискриминација, полициска тортура, кршење на човековите права и злоупотреби на власта во политички цели,
-
праведен правосуден систем
- силна и стабилна македонска држава и перманентно јакнење на безбедносниот капацитет на државата
- проактивност во членството во НАТО, како компонента во градењето на стабилна и безбедна држава
- забрзана интеграција на државата во Европската Унија, со почитување на потребите, правата, јазикот и идентитетот на македонскиот човек
- продлабочување на соработката со земјите со кои Македонија има потпишано договори за стратешко партнерство
- ефикасен и хуман здравствен систем кој гарантира здрава нација
- посебен акцент на улогата и значењето на семејството
- градење реформиран и современ систем за социјално и пензиско осигурување
- инклузивна соработка со граѓанското општество и сите интересни групи во него
- слобода во изразувањето и почит кон различните верувања, конфесии и погледи кон светот
Внатрепартиската демократија, вклученоста на ветераните, жените и младите во носењето одлуки на сите нивоа, како и уважувањето на поединечните мислења на сите членови отсекогаш се „modus vivendi“ во внатрешното функционирање на партијата. Сето тоа го гради успешното претставување на ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ е отворена партија кон сите луѓе во Македонија, и во своето работење ги вклучува сите граѓани без разлика на нивната етничка, верска и било каква друга припадност.
ОСНОВНИ ЦЕЛИ
Основна цел на ВМРО-ДПМНЕ во овој временски момент, е кај граѓаните да ја возобнови надежта дека може да се живее добро дома во Република Македонија. Тоа е единствениот одговор на поставените дилеми за севкупното постоење на македонската држава.
Секој обид за отворање дискусија, на билатерален или мултилатерален план, околу идентитетските прашања и карактеристики на македонскиот народ, по автоматизам води кон пробламатизирање на македонската самобитност и единственост. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори за праведноста и почитта кон македонскиот народ и држава во меѓународните односи.
Клучна задача во градењето демократски политички амбиент, е создавање кохезиони врски со сите луѓе во Македонија, независно од нивната политичка, верска или етничка определност. ВМРО- ДПМНЕ континуирано ќе настојува да се гради широк политички, државен и национален консензус за сите значајни прашања на внатрешен и меѓународен план, кои се однесуваат на иднината на македонската држава.
Основни цели и задачи на партијата се:
- развој на независна, самостојна, граѓанска и демократска Република Македонија
- заштита на достоинството и културното наследство на македонскиот народ и на етничките заедници во рамките на Република Македонија
- воспоставување на владеење на правото како темелен принцип на политичкиот систем
- гарантирање и почитување на човековите и граѓанските слободи и права и еднаквоста на луѓето во нивното уживање
- грижа за македонскиот јазик и неговите дијалектни особености, кои имаат свој просторен и свој временски континуитет
- почитување на правата на етничките и културните заедници, и обезбедување мир и сожителство во услови на мултикултурно општество
- јакнење на образовниот систем кој треба да биде основа за економскиот напредок и повисокиот животен стандард
- заштита на слободата на говорот и слободата на информирањето,
- негување на политички плурализам и слободни демократски избори
- заложба за слобода на пазарот и претприемништвото и заштита на приватната сопственост
- зголемување на животниот стандард
- борба за искоренување на корупцијата и криминалот
- заложби за доследно почитување на мерит системот, како систем на заслуги кој пред сѐ ги цени индивидуалните и професионалните квалитети
- сериозна реформа кон воведување на праведен правосуден систем
- заштита на животната средина
- заштита на правата на Македонците кои живеат надвор од државните граници во согласност со меѓународните документи и стандарди
- градење на пријателство и негување добрососедски односи на Балканот
- почитување на општоприфатените норми на меѓународното право
- проактивност во членството во НАТО
- полноправно членство во Европската унија
- билатерална и мултилатерална соработка со партиите со сродна ориентација, особено во рамките на Европската народна партија
поддршка на процесот на децентрализација во градење на силна локална самоуправа која одговара на потребите на граѓаните
Теми на кои се осврнуваме
- Луѓето да живеат дома, да работат во Македонија!
- Образованието – столб на државата!
- Дигитална Македонија
- Македонија за сите луѓе, патека кон заеднички патриотизам
- Македонија дел од Европа
- Проактивно членство во НАТО и градење силна национална безбедност
- Хуман здравствен систем
- Семејство
- Македонија – дом на лицата со попреченост
- Развој на селото и модерно земјоделство
- Енергетиката, нов стратешки приоритет
- Договор со граѓаните за заштита на животната средина
- правда без толеранција за корупција
- Крај на бирократијата
- Спортот, нов државен концепт
- Културата и историското наследство се наш вредносен суперлатив
- Македонската дијаспора е нераскинлив дел од националното ткиво
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.