Засега нема индикација дека треба да има заострување на мерките. И понатаму се прават интензивни анализи на типот на вирусот, детектирана е таа варијатна на британскиот сој на вирусот, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Посочи дека вчера имал средба со британската амбасадорка, размениле искуства во однос на тоа како почнал овој силен бран во Велика Британија и какви мерки преземале.
Засега сметаме дека нема потреба да остапуваме од мерките кои се сега на сила, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Поликлиниката Бит Пазар, каде ќе се чуваат вакцините против Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.