Во однос на рестриктивните мерки сè уште нема одлука. Ќе ги следиме бројките денеска и утре, а во среда или четврток ќе се донесе одлука, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Во Скопје, огромен број луѓе од Студеничани и Чаир се во рамките на 10 семејства. И тука се тестира и се разговара со луѓето за нивните контакти со веќе заразените, соопшти тој.

Toj рече дека се работи за втор бран од Ковид-19, но дека имаат искуство од првиот бран и здравствениот систем подготвен ги очекува новите пациенти.

Во однос на скринингот министерот соопшти дека во приватен старечки дом во Ченто и во Кадино, во едниот се заразени три штитенички, а во другиот двајца вработени.

Повеќе:

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.