Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција порача дека освен декриминализација, лично поддржува и легализација на употребата на марихуана.
Сакам да ја поддржам постапката која што почна, за декриминализација на марихуаната. Верувам дека во иднина ќе се создаде амбиент, лично поддржувам и легализација заради тоа што преку таа мерка ќе може да ги унапредиме услужните дејности коишто многу малку партиципираат во нашиот БДП- рече Заев.
Тој вели дека на овој начин ќе се зголеми туризмот и угостителството.
Сите постојни и нови објекти согласно лиценци кои ќе ги добијат, ќе можат да опслужуваат конзумирање на марихуана или канабис, што дефинитивно може да помогне за развојот на услужната дејност во државата – рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.