Доктор Арбен Аголи од Дебар, кој во вторникот објави дека е позитивен на Ковид-19, бил просутен на Централното собрание на Алијансата за Албанците кое се одржа минатата среда. Како што доктор Аголи изјавил за „Плусинфо“, на состанокот не се поздравил со никого и седел во последниот ред, далеку од другите.
Високи членови од партиското раководство за медиумот потврдија дека деновиве биле тестирани повеќе луѓе кои на состанокот седеле во близина на заразениот лекар, но за среќа, додаваат тие, резултатите се негативни.
Инаку, доктор Аголи претходно изјави дека се сомнева оти коронавирусот го префатил на 7 март кога негов колега прегледувал дете чии родители биле со него, а кои биле во контакт со роднини на веќе заразени сопружници од Дебар. Токму тој ден, истакна Аголи, колегата не носел заштитна маска и ракавици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.