Министерот за здравство Венко Филипче информира на прес конференција дека има 13 заразени здравствени работници со ковид-19.

Во ГОБ „8 септември“ се заразени 11 здравствени работници и договорен е начин на тестирање на луѓето кои со нив биле во контакт. Според Филипче сите вработени носеле заштитна опрема. Заразен е еден доктор, 7 медицински сестри и тројца од болничарите и персоналот.

Во Гинеколошко акушерската клиника има заразени сестра и техничар.

Филипче смета дека е потврдена исправноста на одлуката за воведување полициски час и дека одлуката е издржана и апелираше граѓаните да ја почитуваат, а службите да казнуваат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.