Запона политичкото собрание на Европската народна партија во Брисел. ВМРО-ДПМНЕ, која е член на ЕХП, на собранието ја претставуваат претседателот Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски и Секраторот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски.

(фото: ВМРО-ДПМНЕ)

На маргините на собранието се очекува да оствари средби со европарламентарци и преставници на ЕУ кои се дел од Европската народна партија. Мицкоски ќе разговара за состојбите во државата, загрижувачката состојба со газењето на правата и слободите, растечката корупција, како и поддршка на процесот за интеграции, и реформите кои треба да бидат спроведени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.