Управата на истражниот затвор во Шутка пронашла и одзела три мобилни телефони од притвоениците, меѓу кои, најверојатнo e и уредот со кој е направена фотографијата од првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, информира за „24 Инфо“ директорот на затворот, Есад Рахиќ.

Истрагата трае, фотографијата најверојатно била направена со еден од овие мобилни телефони и нивните сопственици ќе бидат санкционирани. Гарантирам дека никој од затворските чувари кои се ангажирани во овој дел од установата не го снимале притвореникот – изјавил Рахиќ.

Претходно денеска порталот „Скопје1“ објави фотографија на која се гледа Боки 13 со уште едно машко лице во дворот на затворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.