По повод 9-ти Јули, Меѓународниот ден за уништување на огненото оружје во погоните на Еуроникел индустри во Кавадарци беа уништени оружје и наркотични дроги одземени по основ на правосилни судски одлуки. Уништувањето на дрогата и оружјето беше реализирано со соработка меѓу Министерството за внатрешни работи, Државната комисија за уништување на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и Агенцијата за управување со недвижен имот.

Согласно претходно утврдени законски процедури, огненото оружје и наркотичните дроги претходно беа преземени од магацините на судовите и складирани во магацините на МВР, согласно Планот за преземање на мерки и активности за преземање, транспорт и складирање на огненото оружје и наркотички дроги.

Станува збор за уништени повеќе од 600 парчиња оружје , од кои најголемиот дел се пиштоли – 358, ловечки пушки – 142, автоматски пушки – 32, воздушни пушки – 54, еден ракетен фрлач и друго. Во поглед на уништени количини на дрога, станува збор за повеќе од 400 килограми наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, и тоа марихуана, хашиш, кокаин, хероин, амфетамини и друго, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.