Откако пред неколку дена еден беше обоен со сина боја, вчера беше запален друг билборд на кои е претставен момент од ПИ мерките, на кои се гледа како Зоран Заев бара 200.000 евра мито предизвика панична реакција кај владејачката партија.

На денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, им порача на оние кои го сториле ова дека ќе одговараат пред законот по парламентарните избори закажани на 12 април.

Оние кои го направиле ова нека се сетат на сликата кога Катица Јанева со качулка на главата и лисици на рацете беше спроведувана од органите на прогонот, а Зоран Заев се откажа јавно од неа. Нека не бидат слепи послушници, оти тој ќе биде пратеник и ќе има имунитет, порача Мицкоски.

Oд МВР денеска информираат дека биле пријавени ва случаи на вакви инциденти изминатата ноќ. Првиот бил приајвен во СВР Скопје во 01.35 часот, кога било пријавено дека на ул.„Васил Ѓоргов“ бил опожарен билборд. До билбордот било пронајдено шише во кое имало непозната течност. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат.

Во 02.23 часот, пак, во СВР Скопје, од Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ бил опожарен билборд. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита и овој пожар бил изгаснат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.