Европската комисија е загрижена за последните случувања во земјава, а впечатокот на Брисел е дека Македонија влегува во нова сериозна политичка криза. Дипломатски извори за Фактор тврдат дека меѓународната заедница стравува од тоа како последните случувања во земјата ќе се одразат во општетсвото и каков е односот меѓу власта и опозицијата кој може да кулминира особено по скандалот со СЈО и специјалната обвинителка Катица Јанева. Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан следната недела доаѓа од прва рака да се информира за случајот Рекет и бојкотот на опозицијата.

Грижа дополнително предизвикува тоа што во јавноста повторно се пуштаат телефонски разговори кои незаконски се стекнати. ДУИ веќе побара од меѓународната заедница поддршка со цел да се сопре упадот на Ел Чека кој континуирано објавува бомби за ДУИ. Извори вклучени во процесот велат дека меѓународната заедница е разочарана од последните случувања во земјава. Хан во Скопје ќе упати остри тонови до премиерот Заев и колицискиот партнер Ахмети. Брисел ќе инсистира целосно да се разреши скандалот со рекетирањето на бизнисмени и злоупотребата на телефонски разговори. Хан ќе има тет а тет средба и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Еврокомесарот ќе инсистира да обезбеди договор меѓу власта и опозицијата за клучните отворени прашања кои се дел од ЕУ реформите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.