Зоран Заев вели ќе замине од функцијата претседател на Влада и претседател на СДСМ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Заминувањето на Заев не значи и заминување на заевизмот.
Повеќе од очигледно е дека Заев сака да постави негови пиони кои ќе ги спроведуваат неговите политики, или кои ќе продолжат со криминалот и корупцијата.
Заев со тоа само ги потценува граѓаните, ама со тоа тоне државата.
Неговото заминување не значи излез од длабоката економска, енергетска, како и здравствена криза.
Со Заев и неговите луѓе Македонија само назадува.
Затоа спроведување на предвремени парламентарни избори е решение на проблемите на граѓаните и државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.