Од СДСМ и денеска најавуваат дека нивниот лидер ќе си поднесе оставка и на премиерската функција, но не кажуваат кога.

Молк на „Бихаќка“ откако стана јасно дека немаат мнозинство во Собранието и дека Заев мора да поднесе оставка.

Оставката на премиерот Зоран Заев е многу јасна, очигледно е дека опозицијата селективно ги следи медиумите и известувањата. Заев и во Владата и во партијата поднесе оставка, но како политичка партија во органите на партијата одлучивме тие да бидат одложени се до целосно стабилизирање на државата, изјави Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ на денешната прес-конференција.

Прашана како очекува да дојде до расплет на политичката криза и дали работат на зголемување на парламентарното мнозинство, Петровска истакна дека еден од процесите за стабилизација на државата и зголемување на мнозинството бил денот кога опозицијата сакала да изгласа недоверба на Владата.

Таа додава дека е јасно оти опозицијата го нема долго најавуваното парламентарно мнозинство.

– Како политичка партија сериозна и посветена на демократските процеси во државата остануваме отворени за понатамошна комуникација со сите политички партии, особено со оние кои ги делиме истите вредности, истакна пратеничката Петровска



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.