Под силно полициско обезбедување, попладнево е отстранет запалениот автобус од автопатот Струма во Бугарија, јавува репортерот на ТВ21.

И форензичарите го напуштија местото на несреќата во која загинаа 45 луѓе на автопатот „Струма“ во Бугарија. Во текот на денот, вештаци, форензичари, противпожарни служби работеа на автопатот за да соберат што е можно повеќе докази за утврдување на причините на несреќата. Се вадеа и телата на загинатите, при што пожарникарите мораа со машина да сечат делови од автобусот.

Страотна вест за трагичната автобуска несреќа во која животот го загубија 46 лица ги потресе утринава граѓаните на Македонија.

Автобус на Беса Транс од се уште не утврдени причини околу 3 часот рано изутрина се превртел и потоа се запалил.

Меѓу загинатите има 12 деца, а несреќата ја преживеале седум лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.