Оставка поднесе попладнево и заменик мнинистерот за здарвство Илир Хасани. Тој оставката ја објави на фејсбук.
„Во вакви сериозни моменти за сите нас, давам оставка како највисок морален чин. Дури и покрај фактот дека немам никаква врска со модуларните болнички постапки, иако немам ништо друго со организацискиот дел, оставката е најмал чин што можам да го сторам во овој момент, да ги почитувам жртвите, повредените, мислењето и најчесто самите себе. Ништо над достоинството!“ , напиша Хасани.
Министерот за здравство, Венко Филипче, закажа прес-конференција во 19 часот. Се очекува и негова оставка. Оставките доаѓаат по големиот пожар во модуларната болница во Тетово, каде загинаа 14 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.