Сите мерки што се применуваат во моментов остануваат во сила и тие треба да се почитуваат. Комисијата за заразни болести и експертите не донесоа заклучок дека треба да се почне со укинување на полицискиот час и олабавување на другите рестриктивните мерки.

Ова го оцени заменик-министерот за здравство Арменд Аслани, во гостување на ТВ Телма одговорајќи на прашање дали може да има промена на полицискиот час до 23 мај. Во однос на можноста за одржување избори рече дека за оваа тема ќе има простор да се разговара кога 14 дена бројот на заболени би бил под пет  проценти.

– Имавме одредени денови под пет проценти на дијагностицирани, но пред два – три дена, можеби инцидентно беше 10. Во деновите потоа имаше број што на пр. вчера изнесуваше 5,7 отсто, а денешниот имаме 14,5 отсто. Комисијата за заразни болести не донесе заклучок дека треба да оди информација во Главниот кризен штаб и понатаму во Владата за продолжување на полицискиот час. Тоа што се дискутираше е врз основа на протоколите и врз основа на тие клучни компоненети се направени и фази, како во однос на Заводот за рехибилитација, за авто-школите, спортските тренинзи што ги исполнуваат условите и во најкраток можен рок може да ги спроведуваат нивните активности, рече Аслани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.