Техничката заменичка министерка за Внатрешни Работи Славјанка Петровска беше сликана како строго ги прекршува мерките против коронавирусот. Таа седи на иста маса со 7 луѓе меѓу кои и градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски во ресторан што е строго забрането со одлука на влада која дозволува само двајца на една маса или четворица ако се од исто семејство.

Инаку да се потестиме дека токму петровска беше најзвучна кога на интернет се појавија снимки од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како излегува од тератана. За истиот случај Славјанка Петровска дури отвори сучај по име „Тератана„ и одржа низа прес конференции.

Сега се поставува прашањето дали Петровска ќе си отвори случај за самата себе и за градоначалникот на Бутел Смилевски и како ќе го крстат тој случај? Бидејќи на фотографијата која се појави на фејсбук јасно се гледа како Петровска и Смилевски седат на маса со повеќе од двајца што спротивно на мерките кои владата ги препорача за борба против коронавирусот.

извор: Инфомакс



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.