Заменик директорот на кумановската болница Илбер Исуфи преку објава на неговиот Фејсбук профил информира дека е позитивен на коронавирусот.

Исуфи во објавата вели дека и тој и неговото семејство се чувствуваат добро.

По неколкуте симптоми на коронавирусот, го направив тестот и пред два дена го добив резултатот, кој беше позитивен – пишува Исуфи.

Тој, воедно, апелира до граѓаните на Куманово и Општина Липково да останат дома, да не се собираат во групи, бидејќи, вели, секој од нас е одговорен за последиците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.