Македонската влада денеска ќе одржи редовна седница на која меѓу другото ќе расправа Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост предложен од Министерството за труд и социјална политика.
Како што соопшти владината прес-служба, на денешната седница ќе биде разгледана информација за текот и прогресот на активностите за реализација на проектот „Поддршка на воздухопловна федерација“ на предлог на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје.
На предлог на Канцеларијата на Претседателот на Владата, министрите ќе разгледаат информација за потпишување на Договор меѓу Република Македонија и организаторите на „EXPO Dubai 2020“.
Министрите ќе ја разгледаат и информацијата за вклучување на училиштата во иницијативата за саморефлексија при користење дигитална технологија во образовниот процес преку употреба на алатката „Selfie“ која веќе се употребува во 35 земји и е изработена од страна на Заедничкиот истражувачки центар при Европската комисија (Join Research Centre – JRC).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.