Во вечерашната емисија на 24 анализа, поранешниот пратеник Насер Зибери и адвокатот Еленко Миланов, дебатираа за решението за предметите на СЈО – за кое и двајцата беа согласни дека треба да се бара во постојната легислатива.

Ако сме согласни дека тие предмети на СЈО не треба да згаснат, напротив треба правдата да продолжи. Се поставува прашањето, дали е избран најдобриот начин, како што посочи адвокатот Миланов, односно тој посочи дека не е постапено законски и во тој случај вие имте два начина. Да барате постојно законско решение и во рамките на тоа решение да водите постапка или да создадете нова норматива врз основа на која тоа прашање ќе го решите. Очигледно беше дека со новиот закон нема да се согласат страните, и нема да има закон за јавно обвинителство со што ќе се реши ова прашање, затоа што нема 80 гласа. А без ВМРО-ДПМНЕ тоа нема шанса да постои. Постојното законско решение вели: „Законот за СЈО вели дека специјалниот јавен обвинител може да воспостави надлежност врз предмети на јавното обвинителство но не и обратно“, рече Зибери, а тоа го потврди и адвокатот Миланов.

Се постапи како што се постапи, продолжи Зибери.

Со таа фамозна изјава Катица Јанева беше согласна предметите да преминат во јавното обвинителство, а од друга страна јавниот обвинител Јовевски изрази спремност да воспостави надлежност односно да ги преземе тие предмети. И тоа беше направено. Овде и за мене се поставува прашањето дали истите обвинители ќе продолжат да ги застапуваат предметите. По актуелниот закон не можат. Е тука е прашањето. Јавниот обвинител треба да изгради став се разбира фундиран на закон на кој начин тоа ќе го реши. Не по автоматизам како што вели професорката Најчевска. Не треба така. Тоа треба врз основа на една анализа на секој обвинител кој е преземен од СЈО, а кој всушност и не се преземаа кака што треба, бидејќи не се донесе нова регулатива, туку тие се вратија во обвинителствата каде што продолжија да рабоатат. Па, сега обвиненијата нема кој да ги застапува, затоа што некој сега се вратил во Куманово некој во Радовиш, Делчево…. И затоа ова прашање треба посериозно да се регулира, бидејќи ваквото застапување и ваквите обвинители се контаминирани и тоа е противзаконито постапување на обвинител кој по закон не може да биде тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.