Пратеничката Гордана Силјановска Давкова, универзитетски професор по уставно право, експерт на ООН, ОБСЕ и Советот на Европа, беше една од петте народни избраници кои во вторникот во Собранието гласаа против донесување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, околу кој се крена многу прашина.
Таа го напаѓа ваквиот закон посочувајќи дека бесправно изградените објекти не можат да бидат од интерес за државата.
Како професор кој цел живот предава и учи за почитување на правната држава и спроведување на правото не може да гласам за легализација на незаконски акти.
Свесна сум дека има различни случаи на објекти но сепак сметам дека не смее да се донесе закон кој легализира диво градби.
Законот е директен атак врз моменталното урбанистичко и просторно уредување и како феномен не е познат во меѓународното компаративно право.
Бесправно изградени објекти не можат да бидат од јавен интерес или од интерес за Републиката и за локалните власти – коментира Силјановска Давкова.
Како професор кој цел живот предава и учи за почитување на правната држава и спроведување на
правото не може да гласам…Posted by Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова on Thursday, 13 May 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.