Законот за јавното обвинителство се уште во неизвеснот. Се чека исходот од преговорите меѓу власта и опозицијата, па дури потоа ќе се расправа по поднесените амандмани. Иако се очекуваа надлежните собраниски комисии да расправаат по оваа точка, тие ги одложуваат седниците со образложение дека не можат да дискутираат парцијално по измените на владиниот предлог закон.

Иако нема сериозни поместувања во клучните разлики сепак од мнозинството се оптимисти дека законот ќе биде изгласан до 15-ти септември кога и практично истекува мандатот на Катица Јанева.

Од ДУИ пак не се согласни со најавата на ресорната министерка за план Б во случај да не биде обезбедено 2/3 мнозинство. Велат за да се добие довербата на граѓаните има само план А. И Артан Груби кој е претседател на матичната комисија за европски прашања очекува разликите да бидат надминати, ама роковите течат.

Сепак работните групи остануваат на статус кво, бидејќи не се надминати клучните прашања кои ја решаваат судбината на СЈО, а ставовите им се разидуваат токму околу начинот на избор на обвинителот, состојбата со помошниците обвинители на Јанева, распределбата на започнатите постапки и профилот на новиот специјален обвинител.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.