Законот за јазици и поставување на двојазичните табли е јасен и е објавен во Службен весник, посочи денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање, кој е во право дали коалицискиот партнер ДУИ, односно вицепремиерот Бујар Османи, кој вели дека поставувањето на двојазична табла во Прилеп е согласно законот за јазици или СДСМ, кој тврди дека тоа е грешка.

Сосема е јасно каде и на кои места и во кои општини може да се употребуваат јазиците, односно тоа е секаде каде што имаме повеќе од 20 проценти припадници на етничка заедница, којашто живее во земјава, изјави Спасовски.

Прашан дали тоа значи дека коалицискиот партнер ДУИ „не го знае Законот“, Спасовски со одговор дека во предизборен период може се и сешто да се слушне во медиумите и да се однесуваат така како што очекуваат политичките субјекти.

Јас тоа не го коментирам, сакам само да истакнам дека законот е тој и законот треба да почитува, таков, каков што е донесен, вели Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.