И денеска експертите расправаат за текстот на Предлог законот за Јавно обвинителство. Професорот Никола Тупанчевски на јавната расправа во Собранието посочи дека законот има крупни номотехнички грешки и создава правна несигурност.

Членот 32 од предлог законот, каде што се уредуваат надлежности на ОЈО за организиран криминал и корупција, во еден ист член се користат четири различни техники за типот на кривичните дела. Значи став 1 се однесува за злосторничко здружение, понатаму времетраењето, значи првиот стандард зборувам за цела наука, доктрина не би требало во еден член четири пати различно да се настапува во елементи бидејќи се проудицира правна несигурност, вели професорот Тупанчески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.