Локалот „Вила Парк“ во Струмица, кој важи за омилено место на фамилијата Заеви, работи и е преполн иако со уредба на Владата е забрането да функционираат угостителски објекти, објави „Лидер“.

До редакцијата на „Лидер“ пристигнаа фотографии кои покажуваат дека летната тераса на „Вила Парк“ е преполна.

Инаку, оваа локација има сопственик близок до фамилијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Во јавнота локалот важи како место каде што се договараат најголемите бизниси на оваа фамилија.

Очигледно, ако сте блиски до Заеви законот за вас нема да важи и додека стотици локали пропаѓаат и тонат во долгови поради забраната за функционирање, некој се богати, пишува „Лидер“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.