Законот не е еднаков за сите и премиерот брани криминалци од своите редови, со други зборови, се брани себе.

Вака аналитичарот Ивор Мицкоски, некогашен висок функционер во СДСМ, ја коментира одлуката поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, инаку близок пријател на Зоран Заев, да оди во куќен притвор наместо во притвор во истражното одделение во Затворот Скопје.

Обвинителката Ивана Трајчева посочи дека патувањето во Мексико на Рашковски, е една од причините поради која се сомнева дека тој може да избега. Втората причина поради која беше побаран ефективен притвор е влијанието врз сведоци, за што, Трајчева тврди дека Рашковски веќе се обидел да го направи. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, веќе поднесоа и жалба на одлуката за куќен притвор, но до овој момент, нема одлука од Кривичниот совет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.