Законот за Јавното обвинителство беше донесен со мнозинство гласови во Собранието на Македонија, и покрај бројните забелешки на опозициските партии и одредени лица кои сметаа дека партиите на власт се амнестираат себеси, пишува Експрес. Прво немаше двотретинско мнозинство, по што собранискиот спикер Талат Џафери реши да го поништи гласањето и на законот кој е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ, но и за експертската јавност, да му даде втора шанса.

Албанските партии ги разделуваат убедувањата и интересите, но ги обедини Законот за јавно обвинителство. Сите албански партии, без оглед, гласаа „за“ усвојување на Законот за јавно обвинителство, и покрај тоа што БЕСА и Алијанса за Албанците пред неколку денови изјавија дека нема да гласаат за усвојување на овој закон, но, чудно денес гласаа „За“ со што ги обезбедија потребните 2/3 од вкупниот број пратеници.

Според извори на „Газета Експрес“ во Македонија, членот 110 од овој закон предвидува дека прислушуваните материјали повеќе не можат да се користат како доказ на суд, а со тоа, пропаѓаат и сведочењата за разни функционери на сегашната власт, но и на независната група од осум пратеници кои излегоа од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.