Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја избра Жаклина Пешевска за претседателка на Унијата на жени.
Како што информираат од партијата, Пешевска е актуеленна пратеничка во Собранието и доаѓа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба. Пред да биде избрана за претседателка на Унијата на жени била член на ИК на Унијата на жени.
Извршниот Комитет донел одлука и за распишување на јавен повик за кандидирање на претседатели на ОК во Старо Нагоричане, Пехчево, Пробиштип, Ранковце, Гевгелија, Неготино, Новаци, Ресен, Струга, Кичево, Центар Жупа, Дебар, Гостивар, Теарце. Брвеница, Боговиње и Битола.
Како што велат од партијата, со цел јакнење на партиските капацитети, процесот на внатрешно реструктурирање и реформи ќе продолжи и во наредниот период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.