Коалицијата Можеме предводена од СДСМ нема парламентарно мнозинство, а ќе се избира претседател на Собранието. Дека е така, потврдува и соопштението на ДУИ испратено денеска, во кое се вели дека СДСМ и ДУИ се далеку од договор за коалиција. Според собранискиот Деловник, кандидат за претседател на Собранието може да предлага Комисијата за прашања на изборите и именувањата или најмалку 20 пратеници. Пратеник може да биде предлагач само на еден кандидат за претседател на Собранието.
Како што дознава „Република“, за утре во 14 часот е закажано продолжение на конститутивната седница на Собранието, со главна точка на дневене ред, избор на Претседател на Собранието.
Собраниските служби служби веќе ја организираат салата и протоколот за доаѓањето и сместувањето на пратениците, а за седницата се известени и сите координатори на пратеничките групи.
Со изборот на нов собраниски спикер ќе се отвори и патот за доделување мандат за составување на новата Влада. Досегашниот претседател на Собранието, Талат Џафери, предупреди дека претседателот Стево Пендаровски ќе го прекрши Уставот долколку го додели мандатот без да се избере Претседател на собранието.
Претходно, на првата седница на првиот собраниски состав само беа верифицираа мандатите на пратениците, а беа избрани и потпретседатели на Собранието. Тоа се Горан Мисовски и Флоријан Бисими.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.