Борче Гиноски на својот Фејсбук профил објави дека се извинува на Героски и на јавноста дека сакал всушност да го заштити и предупреди да не го нападнат од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи така тие делувале. Негира дека се заканувал, напротив вели дека го почитува Героски. Гиноски смета дека многу прашина се кренало околу овој случај.

Се крена голема прашина за мојата порака упатена до новинарот Геровски, кого го почитувам. Сакам најпрво да се извинам и да соопштам дека не беше во таа насока кажано, ниту имав намера да се заканувам, јас сум човек што за време на режимот на Никола Груевски многу луѓе сум се обидувал да ги заштитам од насилство. Геровски е меѓу тие што беа напаѓани од поддржувачите на режимот и мојата порака беше во насока дека може токму од ВМРО-ДПМНЕ да биде нападнат, така делуваат они. Како и да е, настана недоразбирање, се извинувам лично до Геровски и до јавноста, немам намера ниту некого да напаѓам ниту да навредувам, ја почитувам работата на новинарите. Повикан сум во партијата на разговор, ова ќе го соопштам и таму, но сакам јавноста да ја знае вистината, пишува Гиноски на Фејсбук.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.