Фејсбук статус на актерот Сашо Тасевски
Не се посипувајте самите со пепел,во смисла ама мора и нам нешто да ни фали, штом сите удираат по нас како Македонци. Доста е. На удар сме зашто великошовинизмите на соседите останаа водилки во нивната надворешна политика. Како пред сто години, така и денес. Колку и да го маскираат тој шовинизам со паламудење за европски вредности. Како што сега го прави тоа Захаринчето.
Дури отидоа до таму полека да го оспорат и оцрнат нашето антифашистичкото минато, да создадат негативни емоции кон тоа минато кај дел од Македонците. Затоа ја верглаат онаа приказна дека Тито не измислил по наредба на Москва.
Подмолно до зла бога. Божем ние сме русољупци комунисти и титоисти и како такви не може ево ЕУ. Сакаат да ни паѓа незгодно на срцето ако го браниме. А никој од нас не го брани Тито, туку нашето антифашистичкото минато со него. Тоа се различни работи.
И внимавајте Бугарите не блокираа во ЕУ и продолжија жестоко да не навредуваат нивните челни луѓе. Резил невиден.
Од нивниот шовинизам последниов месец се тресе Европа, а ЕУ молчи. И уште најлицемерно Захаринчето зборува за европски вредности и бара да ја почитуваме и сакаме и покрај нејзините примитивни негирања на македонизмот.
Захаринче душо, терајте си ја агендата од Сан Стефано, ние сами знаеме да процениме кој ни е пријател, а во врска со вас никогаш и не сме имале дилеми какви сте. Останува уште Европа да го сфати тоа, иако сигурен сум, почна да ве запознава во вистинско светло.
Брзо ќе дојде време кога ЕУ ќе мора да одлучи: Или ќе мижи пред шовинизмот на нејзините членки од последниот вагон или ќе мора да се подготвува за распад, кога тогаш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.