Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захериева, за БНТ денеска изјави дека недопусливо е тоа што во Македонија во 21 век не се признава правото на самоопределување.
Недопустливо е во 21 век некој да не го признава правото на самоопределување, рече таа.
Одговарајќи на предизборни политички прашања за анкета на која од 25 дури 24 гледачи рекле дека спорот со Македонија нема да се реши, Захариева рече дека Бугарија има доследна политика и побара правда за Бугарите во Македонија.
Ние сме многу доследни во политиката. Некои луѓе таму беа многу изненадени што кажавме „не“ за преговарачка рамка. Позицијата на Бугарија сепак е иста од 2019 – сметаме дека има забавено исполнување или недостиг на исполнување на задачите од македонска страна на Договорот за добрососедство со Македонија. Претходно имаше раздвижување во сите сфери, но од почетокот на 2019 година од кога станаа членка на НАТО почна недоследно исполнување, рече Захариева.
На прашањето за бугарските државјани рече дека тие 100.000 луѓе во Македонија често се заплашувани.
Ние реагираме за секој случај и се надеваме дека тоа нема да се повторува. Над 100.000 граѓани имаат и бугарско државјанство и понекогаш се заплашувани. Сепак недопустиво е во 21 век да не се признаваат права на самоопределување, рече Захариева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.