Значи замолувам да ѝ помогнеме малку на државата. Бидете одговорни како и јас сега, повикува Богдан Илиевски на Фејсбук.

Завариева, ти благодарам затоа што не нарекуваш коминтерновска измислица и ни го негираш јазикот нарекувајќи го бугарски дијалект. Ова е прекрасен гест и ти си прекрасна личност, вистински генијалец!

Восхитени сме од великодушноста, благородноста и толерантноста која ја покажуваш. Превозбудени сме од самата можност повторно да ни се обратиш во скоро време (утре веројатно, ах со нетрпение чекаме) и заедно со прекрасниот волшебен, питом, скромен и премудар Какакачанов да ни кажете на најубав оригинален прабугарски јазик на кој се описменил целиот свет и поголем дел од вселената, дека сме измислица на српско-комунистичката пропаганда, дека не знаеме што биле и против што се бореле нашите дедовци и прадедовци и дека само вашите фалшиви тези за историјата се единствената историја која мора да ја знаеме и мантраме бидеќи за да стане некој член на ЕУ треба да прифаќа и такви важни работи како вашата историја.

Едновремено душа ни кине и срце плаче кога некој на ваквите медени думи кои ни ги упатувате, ќе ве потсети дека пред 70-тина години со фашисти и нацисти сте ја окупирале оваа земја, за што има и живи сведоци и документи, а дека асимилаторските соништа толку влажни што на оваа земја се претвориле во многу крв не ве напуштаат ни ден денес во 21-вовековна Европа – тоа е едноставно една преубава работа, магичен однос, восхитувачко поведение!

Замолувам да не им замерувате на таквите кои паметат и знаат, наместо да се образоваат во новиот нормален европски дух на добрососедство и целосно да се согласат со вашата блесавост. Пардон, преубава, премила, прекрасна, преслатка блесавост од клинички размери (за во најубавите клиники со 24 часа парно, розеви ѕидови и прекрасни доктори).

Значи замолувам да и помогнеме малку на државата. Бидете одговорни како и јас сега:

Завариева, ти благодарам затоа што…

Posted by Богдан Илиевски on Thursday, 19 November 2020

Особено, но навистина особено не’ радува кога се заканувате по нашата иднина со тенкови и полкови (прекрасни тенкови и волшебни полкови, сигурен сум!), со блокади и ветоа (миризливи блокади, златни ветоа!), прекрасно портретирајќи еден високоцивилизациски дијалог од типот „или ќе кажете дека потекнувате од бугарите, или нема Европа за вас“. Ах, ах, воскликнувам! Предобри сте!

Патем, многу-многу не’ растажува кога некој ќе ве налути ( ) бидејќи ви опцул три хубави дизни маичини затоа што сте му рекле дека не постои ни тој ни неговиот јазик, бидеќи прво некој кој не постои не може да ве навреди, второ, истото не може да го стори особено на непостоечки јазик. Но, знаеме дека ваквите паранормални ситуации ви учинуваат нелагодност и сепак се извинуваме и за тоа. И плукаме по таквите непостоечки навреди од непостоечки лица, пу пу пу! (воедно се извинуваме и ако пу-пу го сметате за единаесеттоктомвриска инсинуација, проклет да е антифашизмот кој ви создава немир и ноќно потење!)

Светот и векот не познаваат попрекрасни луѓе и понајпрекрасни соседи, ма што соседи – браќа! Ма што браќа – една душа во две тела и три морета! Вие сте благодет човек да ве има за најблиски! Ние сме допрени од раката на Сесоздателот кој решил дека треба да сме едни покрај други, за да можеме да си подадеме рака…
…иако веројатно ќе беше појасна ситуацијата ако граничевме со Тамилски тигри.
Срдечно и со најголема милост,
Ебавененормалнителудациебаве…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.