Гоце Делчев е важна личност и за двете земји и треба да нè обединува со Македонија, а не да нè дели, изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева за bTV.

Според неа Гоце Делчев е заеднички.

Имаме заедничка историја.Точно тоа го кажува и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави. Во тој договор Бугарија сака да ја каже вистината. Гоце Делчев е Бугарин, познат револуционер, една од најважните фигури и за нив, кој се борел за автономија на Македонија и на Одринска Тракија. Не гледам зошто толку се караме за него. Мислам дека оваа личност треба да нè обединува, а не да нè дели“, вели Захариева.

Министерката додава дека имале исклучително добри односи со премиерот Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, но, како што вели, се чини дека има уште доста пат да се изоди за целосна доверба.

Но, знаците се многу добри и почетокот не е лош“, стои во изјавата што ја пренесува Експрес.мк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.