„Од национален интерес за Бугарија во однос на Република Македонија е да имаме стабилен и безбеден сосед. Државата ќе биде таква, кога ќе стане членка на НАТО и ЕУ“, изјави шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева.

Таа рече дека „земјата нема да прави компромиси со условите, што треба да се почитуваат за да станеш дел од целиот преговарачки процес на ЕУ”, пренесе БГНЕС.

„Еден од условите во претпристапниот процес е да имаш добрососедски односи, да не водиш изолациска и националистичка политика, да не ја крадеш историјата на соседите и да не го негираш заедничкото историско минато. Бугарија многу јасно ќе ги постави тие услови“, додаде бугарската министерка за надворешни работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.