Нема тестови за лицата кои се во карантин во бања во Дебар. Откако заврши нивната 14 дневна изолација тие треба да се вратат во своите домови, а дома ќе заминат без да бидат тестирани.
-Дојдов во бања на рехабилитација по операција. Не ни претпоставував дека ќе се случи ова. Кога требаше да се вратам дома, не вратија назадво изолација. Останавме 14 дена. Требаше да не тестираат, но, како што ни кажаа, немале веќе тестови, па ќе мора да одиме дома нетестирани и таму да останеме уште 14 дена во изолација – раскажува една од жените кои се останати во бања во Дебар.
Според нашата соговорничка чекаат решенија за да бидат однесени дома. Им земале на сите адреси на живеење и секој посебно ќе бил носен до дома, каде треба да бидат во домашна самоизолација.
Денеска Репубика испрати прашање до министерот Венко Филипче што ќе биде со овие луѓе и дали е безбедно тие да бидат однесени дома, со оглед дека доаѓаат од Дебар, место каде што короната брзо се ширеше и каде што има и смртен сучај.
Ваката ситуација повлекува уште низа прашања. Дали Македонија има доволно тестови? Дали во земјата има можност да се оди на масовно тестирање како што советува Кина, земјата која се справи со ваква криза?! Србија не ги затвора градовите, туку следејќи го искуството на Кина, ќе го тестира наслението.
– Србија нема да носи потешки мерки, да затвора градови, туку од утре почнува со масовно тестирање, масовна изолација на полесните случаи во „привремените болници” и заострување на казнената политика за непочитување на мерките во борбата против коронавирусот, порачаа на денешната прес-конференција српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.