Министерот за здравство Венко Филипче одговори на новинарско прашање дека точно е дека ПМ10 честичките овозможуваат поголема трансмисија на вирусот и во таа насока е и Законот кој беше вчера донесен во Собрание за задолжително носење на заштитна маска на отворено.
Точно е дека има публикации кои укажуваат на тоа дека ПМ10 честичките овозможуваат поголема трансмисија на вирусот и во таа смисла е препораката, вчера донесена со измената на Законот, за задолжително носење на маски на отворено насекаде, прво затоа што е важно секој да го штити своето здравје, да се штити од настинки бидејќи многу ни се важни болничките капацитети и секако да се штити од загаден воздух, посочи Филипче по завршувањето на Советот за безбедност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.