Владата на СДСМ продолжува со својата неодговорна политика во однос со најгорливото прашање – загадениот воздух.
Загадениот воздух и во ек на пандемија убива, а власта вели дека тоа е само магла.
Поради неспособноста на владата предводена од Заев животот на граѓаните е изложени на опасност, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ апелира поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на КОВИД-19, бремените жени и хронично болните да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор.
Наместо политиканство од страна на оваа неспособна Влада, потребни се одлуки.
Поради сето ова ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира утре во Скопје и во четири други градови.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓаните утре 29.10.2020 од 19:00 часот на протест пред Влада на Република Македонија.
Протести дополнително ќе се одржат и во Битола, Струмица, Тетово и Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.